Црна хроника
Двајца полицајци се обиделе да прикријат физички напад
Полицијата поднесе кривична пријава против лицата З.К. полициски службеник во Полициско одделение – Ропотово и Џ.К. полициски службеник во станицата на Бит-pазар, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “.
Во август, во 2012 година З.К. не го документирал во записник физички напад. Нападот, како што соопшти полицијата, се случил во кафе-бар, каде [to вработен бил нападнат од страна на синот на сопственикот на кафе-барот. По пријавата, случајот не бил процесуиран за преземање понатамошни мерки.
Втотопријавениот К.Џ. во својство на службено лице со искористување на својата службена положба, односно неизвршување на својата службена должност, не постапил по барање од ОЈО Скопје, со цел да го прикрие физичкиот напад.
Со непреземање на службените мерки и дејствија полициските службеници му оневозможиле на оштетениот да ги оствари своите понатамошни права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

