Црна хроника
Двајца приведени откако малтретирале пар од Скопје поради долг

Педесет и двегодишната В.Р. од Скопје во полиција пријавила дека со нејзиниот партнер С.С. биле малтретирани и присилно држани од три лица, кои им одзеле и пари и накит откако таа не им платила за наводни лекови кои тие и ги набавиле и кои требало да ја подобрат нејзината здравствената состојба.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и приведени се Е.К: (39) и А.С. (39) и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возач тешко повреден откако со БМВ излетал од патот кај село Калишта
Рано изутринава, околу 01:00 часот, на регионалниот пат кај селото Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 40-годишен маж.
Како што информираат од ОВР Струга, патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски таблички, управувано од Р.В. од селото Долна Белица, излетало од коловозот откако возачот изгубил контрола врз возилото.
Повредениот возач бил итно пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР Струга, а полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.
Црна хроника
Притвор за двајца мажи кај кои бил најден кокаин

Полициски службеници од СВР Охрид поднеле кривична пријава против двајца кичевци, Е.П. (30) и А.П. (60), под сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Како што информираат од полицијата, на 17 јули 2025 година бил извршен претрес во нивниот дом, при што бил пронајден и одземен кокаин. По преземените мерки и активности, двајцата осомничени се приведени и со судска одлука им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Истражните постапки продолжуваат, а полицијата најавува засилени контроли за откривање и спречување на трговијата со дрога.
Црна хроника
Штипјанец пијан возел низ градот со автомобил, полицијата го приведе

Дебарски полициски службеници лишиле од слобода жител на Штип, кој управувал патничко моторно возило со 1,81 промили алкохол во крвта.
-Денеска во 01:15 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Д.В.(32) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки, и при извршено алкотестирање констатирале дека тој го управувал возилото со 1,81 промили алкохол во крвта, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Штипјанецот веднаш бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Димоски информираше, дека во рамки на засилените сообраќајни контроли во патниот сообраќај, од синоќа во 23:00 до утрово во 5:00 часот на подрачјето што го покрива ОВР Дебар, полициските службеници затекнале тројца возачи кои управуваме моторни возила под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози.