Црна хроника
Двајца прилепчани обвинети за кражба на колекција пари, часовници и накит
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен предлог против две лица за тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Обвинетите, на возраст од 34 и 25 години, инаку жители на Прилеп, на 2 септември заеднички провалиле во стан на улица МАНАПО во Скопје, така што со употреба на „калауз“ ја отвориле бравата од влезната блиндор-врата. Извршиле пребарување на станот и одзеле женски парфеми, стара колекција пари, рачни часовници и накит во вкупна вредност од 474.000 денари.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје донесе и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, а вториот сè уште им е недостапен на органите на прогонот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

