Црна хроника
МВР: Двајца скопјани физички нападнале полициски службеник

МВР информира дека вчера околу 21 часот на улицата Димитрие Чуповски во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник.
Лицето веднаш по нападот било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички го нападнало полицискиот службеник, посочуваат од полицијата.
Двете лица по нападот биле приведени во полициската станица во Центар, каде било утврдено дека станува збор за 35-годишните Д.М. и Ж.М. од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Момче учествувало во две тепачки, а во едната извадило пиштол

Приведен е 18-годишен скопјанец кој пред угостителски објект во Скопје учествувал во две одделни тепачки, а во едната извадил и пиштол, но бил совладан од обезбедувањето на објектот по што му бил одземен пиштолот.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 18-годишниот М.К. е приведен синоќа 20 минути по полноќ.
– Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.З.(20) и А.И.(19) од Скопје, од друга страна. Исто така, според пријавеното, во одделен случај пред истиот угостителски објект, настанала физичка пресметка помеѓу М.К. од една страна и А.И. и С.Х.А.(21) од друга страна, при што М.К. извадил пиштол и го вперил кон нив, но бил совладан од обезбедувањето на објектот и пиштолот му бил одземен, стои во информацијата од МВР.
По целосно документирање на случајот, како што најавува МВР, ќе следуваат соодветни пријави.
Топ
28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во роднинска врска.
Како што денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен, 28-годишниот Д.Р. е приведен вчера во 15 часот по добиена пријава дека се обидел да изврши обљуба.
По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кај малолетник пронајдени пиштол и куршуми, бегал од полицијата ама бил фатен

Полициски службеници вчера лишиле од слобода 16-годишен малолетник, кај кого биле пронајдени пиштол и куршуми, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми, информираат од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.