Црна хроника
Двајца уапсени во центарот на Скопје, кај нив биле пронајдени марихуана, бела прашеста материја и други предмети

Денеска, во 1.40 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 36-годишниот А. М. и 20-годишната А. С., двајцата од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашеста материја и други предмети, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
1624 семки канабис одземени од велешанец при претрес на неговиот дом, полицијата го уапси

Полицајци од одделот за недозволена трговија со дрога го уапси 41-годишниот (Т.Б.) од Велес. По издадена судска наредба тие при претрес во неговиот дом пронајдоа и му одзедоа кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја, извести полицијста
(Т.Б.) е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 15-годишник во Скопје, насила одзел пари на 44- годишен маж

Вчеравечер полицијата уапси 15-годишен малолетник од Скопје по претходна пријава дека во скопски Центар насила одзел пари од 44-годишен маж.
Оштетениот пријавил во полиција која, пак, за кусо време го пронашла и го уапсила малолетникот. Од МВР најавија соодветна пријава по целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Му стигнало писмо од извршител за два кредита кои не ги зел, 23-годишен скопјанец пријавил измама

23-годишен скопјанец во четвртокот во скопската полиција пријавил злоупотреба на личните податоци. Според пријавата, непознато лице во 2021 година на име на пријавителот зело два кредита од финансиско друштво. Дознал за измамата минатата недела кога му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.