Топ
Албанец и Германка уапсени на Блаце: со украден мерцедес сакале да ја поминат македонската граница

Вчера во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот А.М. од Република Албанија и 21-годишната В.С. од Сојузна Република Германија, извести МВР.
„При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.М., а сопатничка била В.С., евидирало во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тие биле задржани во полициска станица, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“ и повиците во јавноста каде е, и зошто молчи.
„Додека Орце Самка Ѓорѓиевски ми прави нарачки поврзани со последниве настани, ајде да го едуцираме бидејќи нема знаење, ама покрај голема желба и очигледно вложува и многу пари во ПР за да се промовира за град Скопје.
Кај си да писнеш за УСЈЕ кој е утврден голем загадувач со ПМ и азотни оксиди многу над дозволеното, да престане да не труе со согорување 365 дена во годината?
Вардариште е на општина Гази Баба.
Пред скоро 2 години, за прв пат по 60 години град Скопје во целост го исчисти делот под надлежност на јавното претпријатие Комунална Хигиена и на таа локација повеќе не се генерира отпад“.
Останатиот дел од таа локација кој се протега на 60 илјади метри квадратни, појаснува во напишаното Арсовска, е надлежност на општина Гази Баба и според неа, општината има право и обврска да го одржува или оплемени просторот, со своите инспекциски служби да делува на лицата кои се обидуваат да креираат диви депонии, а надлежност има и Министерството за животна средина кое со Државниот инспекторат може да делува за санкционирање на истите сторители како и општината.
„Дополнителна надлежност за дивите депонии и потпалувачите на отпад има и Министерството за внатрешни работи.
Фабриката во Трубарево е надвор од ГУП и град Скопје нема никаква надлежност таму. За таму барај си го градоначалникот на Гази Баба, ама ако онака непристрасно писнеш како што треба ќе му штетиш на рејтинг. Значи и тоа не можеш, затоа подобро и за ова да си поќутиш.
Дрисла не согорува од 2022 година, кога е ставен во употреба автоклавот за стерилизирање и компримирање. За пироманите барај си го Панче Тошковски и наместо да се сликате како “џогирате” низ парк само за кампања, не ќе беше лошо за промена да му кажеш да се обиде да фати некој од сторителите.
Ај сега иди пак сликај се сред некој пожар како загрижено гледаш, иако сред таква беља секој вообичаено размислува како да помогне, а не како да се слика“, пишува Арсовска.
Македонија
Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.
Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Дејан Мираковски, ги презентираа првичните информации.
Надлежните институции информираа дека екипи биле на терен од првиот момент, презеле соодветни мерки и редовно ја известувале јавноста.
„Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи. Очекувањата се, официјалните лабораториски резултати да бидат достапни до петок.
Мираковски посочи дека тимот од лабораторијата АМБИКОН при УГД – Штип веќе поставил мерни станици за мониторинг на квалитетот на воздухот и дека во рок од една недела ќе се добијат првични резултати.
Министерството, додаваат од таму, ќе ја информира јавноста веднаш по добивањето на сите анализи.
Топ
Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет.
На местото, како што соопшти МВР, излегле полициски службеници и констатирале дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош била пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.
Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74), кој исто така, имал повреди од остар предмет.
Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил.
Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт. Увид врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.