Црна хроника
Две жени од Тетово загинаа во сообраќајна несреќа кај Зајас
Две тетовки загина во сообраќајна несреќа која утрово се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај кичевското село Зајас, соопшти полицијата.
На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово. На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило, соопшти СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.
Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

