Црна хроника
Две жени претепани со палки и клоци од четворица мажи во Гостивар, полицијата пукала во воздух за да ги смири
Основното јавно обвинителство во Гостивар до надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство казниво според Кривичниот законик.
На 22.6.2021 година четворицата жители на гостиварската населба Циглана извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста телесно повредувајќи две жени.
Кога една од жените дошла во дворот на еден од обвинетите за да го побара својот сопруг, обвинетиот 45-годишник ја нападнал, ја фатил за косата, ја турнал на земјата и почнал да ја удира со клоци.
Му се приклучиле и другите тројца обвинети на возраст од 20, 31 и 22 години удирајќи ја оштетената по целото тело.
Првиот обвинет зел и палка, па продолжил да ја удира. Во тој момент кон оштетената тргнала уште една жена, која сакала да ѝ помогне, но обвинетите ја турнале и таа паднала во бесвест.
Поголем број сведоци на настанот исто така се почувствувале загрозени и повикале полиција.
Кога пристигнале, полициските службеници биле принудени да испукаат неколку проектили во воздухот за да ги смират и оттргнат обвинетите. Двете жени во инцидентот добиле телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
31-годишен велешанец тешко повреден: со возилото излетал од патот
Утрово во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К (31) од Велес, излетало од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото.
Црна хроника
Товарно возило излета од патот во Тетовско: тешко повреден маж од Србија
Во СВР Тетово вчера во 18.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Мотоцикл удрил во паркирано возило на „Партизанска“
Синоќа во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.