Црна хроника
Две лица измамени при обид да купат огревно дрво
Две лица од Скопско пријавиле измама при обид да дојдат до огревно дрво.
Во првиот случај, В.П.(67) од село Трубарево пријавил дека напознато лице со измама му одзело 200 евра. Кога пријавителот му кажал на сторителот дека сака да купи дрва од него, но првин да ги види, тие се упатиле кон камионот каде што се наоѓале дрвата. Во меѓувреме сторителот се вратил во домот на пријавителот и од сопругата на В.П. одзел 200 евра со изговор дека така кажал нејзиниот сопруг по што заминал во непознат правец.
Вториот случај го пријавила Ј.М. (55) од село Брњарци, на која ѝ биле одземени 5.000 денари. Измамата е извршена од страна на непознато лице на тој начин што пријавителката му дала пари за да ѝ донесе огревно дрво и кога ѝ рекол дека веднаш ќе ѝ ги донесе дрвата, заминал во непознат прваец.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

