Црна хроника
Две лица истепале дете во автобус на ЈСП затоа што случајно се удрило во нив

Две лица истепале 13-годишно дете затоа што случајно се удрило во нив кога автобусот закочил. Инцидентот се случил во автобус со број 65, кој сообраќа од железничката станица до село Стајковци.
Според информациите од МВР, Д.И.(44) од Скопје, вчера, околу 22 часот, пријавил во полиција дека истиот ден околу 19 часот во автобус на ЈСП со број 65 на булеварот Никола Карев две непознати лица физички го нападнале неговиот 13-годишен син.
До физичкиот напад дошло кога автобусот закочил и детето се удрило во двете лица што веднаш почнале вербално да се расправаат со него, а потоа и физички го нападнале. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
18-годишна девојка се оддалечила од својот дом во Скопје, случајот го пријавил таткото

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 41-годишниот Р.Б. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка, 18-годишната А.Р. од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.