Црна хроника
Две лица под истрага за обид за убиство во Струмица
Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 32 и 31 година, од кои првиот е осомничен за кривично дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, додека вториот е осомничен за поттикнување да го изврши делото.
Имено, вчера во раните утрински часови, во магацински простории на дискотека во Струмица, првоосомничениот со намера се обидел да лиши од живот две лица, а второосомничениот со умисла го поттикнал да го стори кривичното дело.
По претходна вербална расправија помеѓу второосомничениот и еден од оштетените, двајцата осомничени дошле во магацинските простории на дискотеката. Првоосомничениот во рака држел пиштол марка ЦЗ ВЗОР 50 со кој се заканувал, додека второосомничениот му упатил удар со бокс на еден од оштетените.
Започнале меѓусебно да се борат и паднале на земја, по што првоосомничениот се обидел да испука со пиштолот во оштетените, додека второосомничениот за цело време го охрабрувал да пука. Едниот од оштетените станал и почнал да бега. Кога првоосомничениот почнал да го репетира пиштолот и да нишани кон вториот оштетен, бил совладан од сведок на настанот и пиштолот му бил одземен.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничените. Предлогот е прифатен, а Основниот суд во Струмица на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во Сопиште пронајден скопјанец пријавен дека се оддалечил од здравствена установа во Карпош
Вчера во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на село Сопиште, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го пронашле 38-годишниот Ј.Т. од Скопје, извести МВР.
Лицето на 30.04.2024 било пријавено дека се оддалечило од здравствена установа на подрачјето на Карпош, додаваат од МВР.
Црна хроника
Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета
Денеска во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото, извести МВР.
Не е причинета штета на капијата, ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во скопски Аеродром, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на работното место, во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 39-годишниот И.Ц. од Скопје, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.