Црна хроника
Две лица се здобиле со исеченици по тепачка во трговски центар во Кочани, имало и пукање
Денеска во раните утрински часови поточно во 01.15 часот полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Џ.Ц.(29), Џ.Б.(33), И.К.(27), М.М.(30), Д.Д.(21), Г.Т.(25) и Б.С.(22), бидејќи пред угостителски објект во трговски центар во Кочани, по претходна расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка во која учествувале Џ.Б., М.М., К.А., И.К. и Џ.Ц. од една страна, а Л.Т., Г.Т., Д.Д. и Б.С., од друга, а бил употребен и стаклен предмет.
При полициска интервенција Џ.Ц. попречувала полициски службеник во вршење на службени дејствија.
Од полициски службеник во воздух биле испукани два предупредувачки истрели, лицата биле приведени во полициска станица, а Џ.Б. и Л.Т., поради исеченици со кои се здобиле при пресметката, биле пренесени во Општа болница Кочани.
Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

