Црна хроника
Девојки од Македонија, Албанија и од Косово затекнати во угостителски објект во Желино

Шест женски лица, од кои три македонски државјанки, една државјанка од Косово и две државјанки од Албанија, затекла полицијата во угостителски објект во селото Желино.
Објектот бил во сопственост на 26-годишно лице со иницијали Ќ.Б.
Полициската контрола била спроведена синоќа околу 23 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Велешанка удрила во момче на пешчки премин и го напуштила местото

Полицијата изврши службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес, која вчера околу 7 часот наутро на обележан пешачки премин на улица Благој Ѓорев во Велес, со автомобил „киа“ удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото.
Пешакот се здобил со полесни повреди. Извршен бил увид, информираа од полицијата.
Црна хроника
Мотоциклист се судри со автомобил во Скопје, тешко повредени две лица

Несреќа се случи вчера на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје, кога автомобил управуван од И.Х.Ј.(30) се судри со мопед , управуван од Ј.Ј.(23) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот сопатник Б.Ј.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, извести МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Уапсен кичевец, возел автомобил без регистарски таблички под дејство на алкохол

Вчера во 23.00 часот на пресекот на улицата „Магистрален пат“ со булеварот „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.К.(36) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „Рено“ без регистарски таблички, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.