Црна хроника
Детали за несреќата кај Охрид: Две лица се однесени во болница, еден со тешки повреди

Вчера попладнето околу 15.20 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од Охрид и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(42) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со телесни повреди се здобил Х.Б. кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“-Охрид.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Пробиштип измамена за 1.434.000 денари: и рекле дека наследила 590 илјади евра, но ќе мора да плати одредена сума пари

Вчера во 13.00 часот во ОВР Пробиштип, 56-годишна жена од Пробиштип пријавила дека бил измамена од едно лице за сума од 1.434.000 денари.
Според пријавеното, на почетокот на јануари 2025 година лицето телефонски стапило во контакт со неа и ја известило дека е по потекло од Штип, дека живее во Велика Британија и дека во неговата агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои биле во криптовалути и доколу сака да ги земе ќе мора да плати одредена сума на пари.
Како што е пријавено, лицето ја убедило да инсталира неколку апликации на мобилниот телефон и да подигне кредит од финансиско друштво од 250.000 денари, кои веднаш ги преземал преку една од апликациите со која имал контрола над нејзиниот телефон.
Исто така, според пријавеното, на почетокот на февруари, таа извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одобрение, биле подигнати два кредити од банката во вкупен износ од 1.184.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром, полицијата ги уапси

Вчера во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници ги привеле 27-годишниот Б.Б., 40-годишната А.М. и нејзиниот 17-годишен син, тројцата од Скопје и Г.С.(32) од Виница затоа што претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Скопјанка нападната и ограбена во центарот на градот

Вчера во 22.15 часот во СВР Скопје, 34-годишната Џ.Б. од Скопје пријавила дека околу 21.15 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички ја нападнале и ѝ одзеле ранец со паричник и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.