Топ
Детали на несреќата Скопје-Блаце: Се претекнувале, удриле, па автомобилот се превртел во Лепенец
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје е на лице место на тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Приштина и презема дејствија за утврдување на причините.
„Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил Фолксваген туран со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил со БМВ косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец“, велат од Обвинителството.
Причините за сударот се уште се утврдуваат, а на лице место е присутен и сообраќаен вештак. Еден од патниците во косовското возило е извлечен од водите и веднаш е префрлен во болница, додека по останатите потрагата во исклучително тешки услови е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави
Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви пријави има и за вчерашниот ден. Каснатите граѓани се на возраст од 21, 29 и 61 година, а пријавите се за Аеродром, Маџари и Гази Баба.
Вчера во 13.25 часот во полициската станица Гази Баба, Б.К.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник.
Половина час по оваа пријава во полициска станица Гази Баба, М.П.(61) од Сингелиќ, скопско, пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Последната пријава е добиена во 16.30 часот во полициска станица Аеродром, кога П.К.(21) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
Иако овие настани се секојдневие, никој досега не го реши целосно овој проблем со уличните кучиња.
Македонија
За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривични дела убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Против лицето беше поведена истражна постапка откако на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци, тој со умисла ги лиши од живот својот брат и снаата.
Осомничениот прво ја нападнал снаата, удирајќи ја повеќе пати со метална шипка по главата, а потоа го пресретнал и братот на кого исто така со шипката му нанел смртоносни повреди.
„По настанот осомничениот беше хоспитализиран. Бидејќи со подобрување на неговата здравствена состојба постои опасност тој да се даде во бегство, јавниот обвинител оцени дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на истрагата, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување таква мерка“, велат од Обвинителството.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.