Топ
Дете се удави во Брегалница

Се удави 14-годишно дете од Виница во водите на Брегалница.
Тој со уште неколку други деца вчера напладне заминале кон мост во селото Истибања и влегле во реката за да се капат.
Момчето кое го одвела водата било барано околу пет часа од страна на полициски службеници од Виница и Територијалната противпожарна единица кои дошле на местото на несреќата.
Од полицијата информираат дека лекар констатирал смрт, а телото на починатиот е дадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8, вреден 400 милиони долари, како подарок од катарското кралско семејство. Авионот би служел како претседателски авион, „Ер Форс Уан“.
„Боингот 747 ќе им биде даден на воздухопловните сили/Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави, НЕ МЕНЕ! Тоа е подарок од земја – Катар – која успешно ја браниме со години. Нашата влада ќе го користи како привремен „Ер Форс Уан“, сè додека не пристигнат нашите нови авиони „Боинг“, кои сериозно доцнат. Зошто нашата војска, а со тоа и нашите даночни обврзници, треба да плаќаат стотици милиони долари кога можат да го добијат БЕСПЛАТНО од земја која сака да нè награди за добро завршена работа? Огромните заштеди наместо тоа ќе бидат искористени за да ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА! Само БУДАЛА не би го прифатил овој подарок во име на нашата земја. Ви благодариме за вашето внимание!“ напиша Трамп.
Некои членови на Демократската партија го нарекоа можниот потег на Трамп „грубо нелегален“ – што Белата куќа го негира – а критики стигнаа и од некои од поддржувачите на Трамп.
Самиот Катар претходно изјави дека би било „неточно“ авионот да се нарече подарок и изјави дека преговорите сè уште се во тек.
Европа
(Видео) Кремљ: Нашата делегација пристигна во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Кремљ сè уште не објави кој ќе ја сочинува руската делегација на претстојните преговори во Турција, велејќи дека ќе го објави составот дури кога претседателот Владимир Путин „ќе смета дека е потребно“.
🤡The Russian delegation will be in Istanbul on May 15 and expects the Ukrainian side to arrive there, – Kremlin spokesman Peskov pic.twitter.com/ZWpInh9ag3
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) May 13, 2025
Сепак, според информациите добиени од „Вашингтон пост“ од поранешен руски функционер, Русија ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков.
Европа
Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина, кои треба да започнат во четврток во Истанбул, соопшти нејзиниот кабинет.
„Во светлината на подготвеноста на Турција да биде домаќин на мировни преговори меѓу Украина и Русија во Истанбул, двајцата лидери разговараа за дипломатските перспективи и ја повторија својата поддршка за праведен и траен мир во Украина“, се вели во соопштението.
Се додава дека Мелони му се заблагодарила на Ердоган за посветеноста на Турција на договорено решение кое ќе го заврши конфликтот во Украина, пренесува Анса.
За време на разговорот, Мелони изрази надеж дека Русија, како што направи Украина, ќе прифати целосно и безусловно 30-дневно примирје, „како конкретен знак на подготвеност за мир“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руската делегација ќе ја чека украинската страна во Истанбул во четврток, но засега не е познато дали рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува во преговорите.