Црна хроника
Дете избодено со нож на Бит Пазар

16-годишно дете било со нож избодено на Бит Пазар вчера, и донесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Според пријавеното, на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, при физичка пресметка, тој бил нападнат со остар предмет од друг малолетник од Скопје. Во врска со настанот, во 21.05 часот, 17-годишник од Скопје пријавил дека на истото место и тој бил нападнат со остар предмет од истиот малолетник, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.
Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница од Битола до село Кременица одзеле поголема количина на акумулатори, сопственост на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија.
Додека, трето и четвртопријавениот за одредена сума ги откупиле предметите и покрај тоа што знаеле дека потекнуваат од кривично дело и не го пријавиле во МВР.
На тој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Уапсени крадци од Неготино кои украле околу 30.000 евра, при претрес пронајдена и дрога

Вчера вечер во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино.
Со судска наредба бил извршен претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2.320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата.
Додека, денеска (08.08.2025) со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т.(34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени 2485 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Убиство во Штип: пијан со нож ја избол мајка си во врат, па сам пријавил на 112

Основното јавно обвинителство соопшти детали за убиството во Штип што се случи утрово.
Од таму велат дека против С.З. (54) е отворена истрага за убиство.
Рано утрово, во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, родена во 1941 година.
Делото го извршил по претходна вербална расправија, под дејство на алкохол од 2.43 грам промили во крвта, но бил свесен за стореното. Откако со ловечки нож и нанел убодна рана во пределот на вратот од која жртвата искрварила до смрт, настанот самиот го пријавил на телефонскиот број за итни случаи 112.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.