Црна хроника
Докторка од гостиварската болница нападната од син на пациентка што починала
Во попладневните часови на 8 март, во гостиварската болница „Ферид Мурад“, за укажување лекарска помош била примена 78-годишната И. Р. од гостиварското село Сенокос, која набргу починала на интерното одделение.
Според пријавеното, набргу потоа нејзиниот син, 51-годишниот Б. Р., физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот.
Увид во болницата извршила екипа од гостиварската полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кавадарчанка реновирала дома и во подрумот пронашла 55 неексплодирани детонатори
Вчера во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви.
Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Вработен во јавно претпријатие се вработил со фалсификат диплома од средно училиште во Куманово
Вработен во јавно претпријатие во Куманово се вработил со фалсификат диплома од средно училиште.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време.
Црна хроника
Петмина насилници нападнале и ограбиле 15-годишно момче во Центар
Петмина насилници вчеравечер нападнале и ограбиле 15-годишно момче во Центар.
Вчера вечер во 20:15 часот во СВР Скопје, Т.Д.(35) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил пресретнат од пет лица, од кои едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари и мобилен телефон, а друг од нив физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

