Црна хроника
Дрогата ја криел во долна облека: затворски полицаец фатен пред преземање на ноќна смена
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Во текот на вчерашниот ден при извршен претрес пред започнување на ноќна смена на работа, кај осомничениот била пронајдена наркотичната дрога, и тоа: растителна материја марихуана во количина од 73 грама и бела прашкаста материја кокаин во количина од 50 грама. Дрогата спакувана во форма и големина на две тениски топчиња, осомничениот ја држел кај себе, скриена во долен веш, а со цел истата да ја продаде на осудени лица во КПУ – КПД Идризово.
„Согледувајќи ги околностите што укажуваат на опасност од бегство доколку осомничениот се брани од слобода, како и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци како и дека реално постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.
Ова е трет случај во кој затворски полицаец е фатен во сторување на ова кривично дело. Во двата случаи станува збор за еден затворски полицаец од КПУ Затвор-Скопје правосилно осуден на казна затвор од 3 години кој беше фатен со 7,65 грама марихуана и 0,96 грама кокаин и затворски полицаец од КПУ-КПД Битола осуден на 6 месеци кај кого беа пронајдени 1,90 грама кокаин, а кој предмет е во жалбена постапка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

