Црна хроника
Еден загинат во сообраќајна несреќа кај Стража

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот кон Стража, пред Маврово, попладнево.
Очевидци велат дека се судриле три возила и дека има и повредени лица.
Полиција, Брза помош и Пожарна се веќе на местото каде што се случила сообраќајката. Сообраќајот е стопиран во двете насоки и кон Стража и од Стража кон Скопје и веќе се формирани долги колони возила.
МВР за подоцна најави детали за сообраќајната незгода. Од таму известија дека денес на делницата Тетово – Гостивар казнети се 86 возачи кои возеле 50 – 70 километри на час над дозволената брзина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.