Црна хроника
Еден обвинет, двајца под истрага за поседување оружје во Скопје
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.
При претрес извршен во домот на обвинетиот во Арачиново, на 7.12.2019 година, било утврдено дека тој неовластено држел огнено оружје и муниција – еден полуавтоматски пиштол Smith&Wesson MOD 6906 со калибар 9мм Para, еден полуавтоматски пиштол Walther P99 со две рамки, како и 41 куршум со калибар 9мм Para. Оружјето и муницијата се одземени со потврда за одземени предмети.
Непосредно по лишувањето од слобода, обвинителството предложи да биде определена мерка притвор за ова лице, но предлогот не беше прифатен од судијата на претходна постапка и на лицето му беа определени мерки на претпазливост. Надлежниот јавен обвинител вложи жалба на ваквата одлука, по што на лицето му беше определена мерка куќен притвор од страна на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје. Со обвинителниот акт поднесен денеска, јавниот обвинител предложи изречената мерка куќен притвор да биде продолжена поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото.
Инаку, во врска со претресите извршени на 7.12.2019 година на повеќе локации во Скопје, Секторот за внатрешни работи Скопје вчера до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе уште една кривична пријава против две лица. Постапувајќи по оваа пријава, надлежниот јавен обвинител веднаш донесе наредба за спроведување истражна постапка за лицата поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.
Лицата се осомничени дека на 7.12.2019 година, на земјениот пат за с.Крушопек, над селото Грчец, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција – една пушка со калибар 7,62Х39мм од албанско производство, едно полуавтоматско кусо огнено оружје Zastava M57со калибар 7,62Х25 од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот, едно полуавтоматско кусо огнено оружје Zastava M88”о калибар 9мм Para од југословенско производство со четири куршуми во шаржерот, како и два шаржера со капацитет од по 30 куршуми со калибар 7,62Х39мм и со вкупно 22 куршуми во нив.
Полициските службеници извршиле претрес во домовите на осомничените, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив. По извесно време осомничените го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето го оставиле во автомобилот. Еден од осомничените е лишен од слобода и за него надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото. Ваквиот предлог беше прифатен и на лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Другиот осомничен и натаму е недостапен на органите на прогонот и во поглед на тој осомничен обвинителството ќе предложи соодветна мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
Основното јавно обвинителство Скопје појаснува дека во врска со извршените претреси од страна на Министерството за внатрешни работи на 07.12.2019 година на повеќе локации во Скопје до овој момент до обвинителството се поднесени само наведените две кривични пријави со кои се опфатени три лица. За двете кривични пријави, согласно Законот за кривична постапка, јавното обвинителство веднаш отвори истраги, а во еден од предметите поднесе и обвинение. Согласно законските надлежности, за пријавените лица лишени од слобода беше предложена мерка притвор.
Доколку во наредниот период, од страна на МВР како овластен орган за откривање на идентитетот на сторителите на кривични дела, бидат поднесени други кривични пријави, обвинителството согласно Законот за кривична постапка ќе постапи по нив и во зависност од исполнетоста на законските основи ќе предожи соодветни мерки за обезбедување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешките мозочни повреди не дозволиле оперативен зафат врз двегодишното дете, информира Министерството за здравство
Двегодишното дете првично било примено на Ургентниот центар, по што, поради сериозноста на состојбата, било згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, информира Министерството за здравство.
Како што се наведува во соопштението, детето било интубирано, поставено на механичка вентилација, со ординирана антибиотска и антиедематозна терапија и под 24-часовен мониторинг. Поради интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво, хируршко лекување не било можно.
И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот бил трагичен, како резултат на исклучително тешките повреди на мозокот предизвикани од метално страно тело.
Од Министерството изразија најдлабоко и искрено сочувство до семејството и најблиските на детето.
Воедно, упатија апел до граѓаните новогодишните празници да се одбележуваат мирно и достоинствено, без употреба на пиротехнички средства, петарди и огнено оружје, предупредувајќи дека ваквото неодговорно однесување може да има сериозни, па и фатални последици.
МВР претходно денес, објави детали за трагедијата на новогодишната ноќ.
Според информациите од полицијата, на 1 јануари во 00:58 од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д.(21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето.
Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26).
Во 01:58 часот на 2 јануари детето починало, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Војник повреден за време на работни задачи во „Идризово“
На 1 јануари 2026 година во 16:49 часот, во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда е донесен Б.С. (44) од село Шемшево, тетовско.
Според пријавеното, Б.С., кој е вработен во армијата, се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Црна хроника
Насилство пред полноќ на новогодишната ноќ: скопјанец ја нападнал сопругата
На 1 јануари 2026 година во 17:40 часот, во Полициската станица Чаир, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Ѓ.С. (32) од овој град.
Како што информираат од полицијата, постапката била преземена по претходна пријава дека на 31 декември 2025 година, околу 23:00 часот, во семејниот дом физички ја нападнал својата 29-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, како што е наведено, ќе следува соодветен поднесок.

