Топ
Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди од нож бил донесен 29-годишник од скопското селото Батинци, кој за кратко време починал.
Во меѓувреме во болницата со повреди бил донесен и друг жител на Батинци, на возраст од 28 години.
Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, пак, пренесени биле уште двајца селани, 39-годишник повреден од огнено оружје и 25-годишник повреден со нож.
Според првичните информации, во двор на угостителски објект во Батинци, во сопственост на 27-годишник од селото Црн Врв, најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож.
Полицијата се сомнева дека можен сторител е Н.З. од Батинци кој е во бегство и по кого се трага. На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напади во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за извршување на два антисемитски напади во клучните градови Сиднеј и Мелбурн.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Газа во октомври 2023 година, австралиските домови, училишта, синагоги и возила беа цел на антисемитски вандализам и палење, пишува „Ројтерс“.
„Австралиската безбедносна агенција собра веродостојни разузнавачки информации дека иранската влада наредила најмалку два напади“, изјави Албанезе на прес-конференција.
„Иран се обиде да го прикрие своето учество, но ASIO верува дека стои зад нападите врз „Луис Континентал Кујн“ во Сиднеј на 20 октомври минатата година и синагогата Адас Израел во Мелбурн на 6 декември“.
Австралиската безбедносно-разузнавачка организација додаде дека е веројатно дека Иран наредил дополнителни напади.
„Ова беа вонредни и опасни акти на агресија оркестрирани од странска држава на австралиска почва“, рече Албанезе. „Ова беа обиди за поткопување на социјалната кохезија и сеење раздор во нашата заедница“.
„Австралија ја суспендираше својата амбасада во Техеран и сите дипломати се безбедни во трета земја“, рече Албанезе, додавајќи дека неговата влада ќе ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација.
Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње.
Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата, па со мобилен телефон ја снимиле мечката качена на маса каде имало оставено храна, пишува „Тетово инфо“.
Според објавеното и во другите блиски села како Сетоле и Једоарце летово биле забележани слични примери на камери за видеонадзор.
„Мечките во потрага по храна, се движат низ селото, уништуваат сандаци со пчели и слично“.