Топ
Едно лице под истрага за обид за убиство по инцидентот во гостилница во Хиподром

Шеесет и четиригодишниот скопјанец, кој во неделата избоде маж во гостилница во скопската населба Хиподром, е осомничен за обид за убиство.
„Осомничениот на 24 февруари со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, така што додека седеле на две маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда – влезно-убодна рана во пределот на абдоменот оштетувајќи му неколку органи“, велат од Обвинителството.
До Основниот суд 1 Скопје е доставено барање за притвор за осомничениот.
Претходно, од МВР информираа дека во неделата во 15 часот во полиција било пријавено дека во угостителски објект во населбата Хиподром, при меѓусебна расправија, Л.Ј. (64) од Скопје со нож во пределот на стомакот го пробол А.А. (39) од Скопје.
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а напаѓачот бил приведен во Полициската станица Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно.
„Ќе потсетам само дека летово имавме рекордно високи температури но Дрисла не се самозапали“, рече Ангелов.
Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири.
Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамките на работната посета на Париз, Франција.
Филипче посочи дека целта на посетата е да ги промовира и брани националниот интерес и позициите на Македонија.
Притоа нагласи дека СДСМ веќе работи на поактивен пристап, а тоа значи конкретни решенија и иницијативи за деблокирање на процесот.
„Во финална фаза е подготовката на резолуцијата, која ќе биде вин-вин решение за државата и за граѓаните. Со оваа резолуција ќе понудиме национален механизам за справување со евентуални непринципиелни барања од Бугарија во текот на преговорите ако тие на кој било начин излегуваат од преговарачката рамка“, рече Филипче.
Тој додаде дека македонскиот јазик, културата и идентитетот, како темелни вредности, веќе се заштитени во повеќе европски документи и со самата рамка.
„Со носењето резолуција со национален консензус ќе ги потврдиме овие позиции, но и ќе изградиме заеднички став како да ги заштитиме и во домашните институции. Со овој документ ќе обезбедиме јасна временска рамка за следните чекори и за реформите како конечно деблокирање на европскиот пат“, изјави Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека сега е време за политичка зрелост и заедничка одговорност за напредокот на државата.
„Ова е време за политичка зрелост и за заедничка одговорност. СДСМ е подготвен да поведе со поактивен пристап и со решенија што ќе ја придвижат Македонија напред, кон Европската Унија. Македонија мора да продолжи по европскиот пат, кој гарантира развој, стабилност и сигурна иднина на македонските граѓани”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
За време на посетата Филипче оствари работни средби со француските политички претставници од Генералниот секретаријат за европски прашања, Министерството за Европа и надворешни работи и од француското собрание.