Црна хроника
Едукација и обука на полициски службеници во СВР Охрид
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи согласно своите надлежности и согласно приоритетите, целите и мерките од Втората национална стратегија 2015-2020, во Охрид ја организираат првата од серијата дводневни работилници за надлежните лица од МВР на која преку размена на искуство, знаење и информации ќе се анализираат состојбите со безбедноста на патниот сообраќај на локално ниво, начините на работа и ќе се дефинира пристап, методи и мерки како актуелната состојба може да се подобри односно да се намали бројот на загинати и повредени лица.
Црната статистика, за 2016 година, покажува дека на територијата на Република Македонија 165 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 843 се тешкo повредeни. Статистичките податоци исто така покажуваат дека на подрачјето на СВР Охрид, во 2016 година се случени 287 сообраќајни несреќи со потешки последици, од кои во 21 несреќа има загинато лице, а во 266 сообраќајки има повредени лица. При тоа во овие сообраќајки 25 лица го загубија животот, а 59 лица се тешко повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гази Баба пријавила насилен напад од сопругот, му се заканувал и на син ѝ
Во полицијата е пријавено дека 47-годишна жена била физички нападната во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, на 8 октомври 2025 година нејзиниот сопруг А.С. употребил тврди предмети при нападот, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и кон нејзиниот син.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

