Црна хроника
Експлозија пред куќа во Прилеп

Вчера во 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 19.30 часот на ул.„Поп Аврамија” во Прилеп било забележано едно лице како фрла експлозивна направа, при што настанала експлозија пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Л.(21) од Прилеп, информира МВР.
Нема повредени лица.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против лекар во Струшката болница: со истечена лиценца 4 години земал плата и додатоци

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот К.С. од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој постапил спротивно на член 144-а од Законот за здравствена заштита на тој начин што од 01.07.2019 па до добивање на отказното решение на 29.11.2024 и за прекинот на специјалистичкиот стаж не ги известил надлежните, ниту се јавувал на своето работно место.
Додека, во периодот од 15.07.2020, од кога му истекла важноста на лиценцата, па до добивање на отказното решение, не поседувал ниту лиценца за работа како доктор по медицина, издадена од Лекарската комора.
За целиот период, пријавениот примал плата и други додатоци, со што го оштетил буџетот на установата и се стекнал со противправна имотна корист од 1.956.569 денари.
Црна хроника
Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи

Вчера околу 12.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Липково, на влез од паркинг простор на приватна фабрика, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(18) од село Липково, општина Липково и мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.А.(36) од село Черкези, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Вчера во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на локален пат за село Зубовце, гостиварско, мотоцикл управуван од 66-годишниот Ќ.М. од село Дебреше, гостиварско, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Целосно изгоре „голф“ во Скопје: од пожарот зафатени уште две возила

Денеска во 04.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Петар Ацев“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(43) од Скопје.
Возилото е целосно изгорено, а зафатени биле и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Ѓ.(51) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Т.(55) од Скопје.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.