Црна хроника
Жена повредена од куршум на свадба во Тетово

Жена била повредена од огнено оружје за време на свадбена веселба во Тетово. Според полицијата, вчера во 21,50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничкиот центар-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена Ф.А. (53) од Тетово со нанесена повреда на левата надлактица од огнено оружје.
Таа додека била на свадбена веселба во дворот од куќа на улицата „Полог“ во еден момент се пожалила на болки, по што од еден присутните била пренесена во Клиничкиот центар во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава против директор на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“

Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против Л.Р.(61) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите на МВР, тој, во текот на 2024 година, во својство на директор на Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“, ПО Скопје, подружница „Стогово“- Дебар, објавил јавен повик за склучување на договор за закуп на плац за складирање на огревни дрва во Дебар, по што, со злоупотреба на службената положба и овластување, подметнал фиктивна понуда за плац, наводно навремено поднесена и со пропуштање на должен надзор и увид дали парцелата ги исполнува минималните услови наведени во јавниот повик, спротивно на предвидените услови, склучил договор за подзакуп и закуп на недвижен имот градежно неизградено земјиште во Дебар.
Со тоа, пријавениот на јавното претпријатие му нанел штета од 615.495 денари.
Црна хроника
Ограбена девојка додека седела во кафуле во Центар, малолетник со тротинет ѝ ја украл чантата

Вчеравечер во 22:05 часот Е.К.(23) од Скопје пријавила во полиција дека околу 20:40 часот, додека седела во угостителски објект на подрачјето на Центар, малолетно лице кое управувало електричен тротинет ѝ одзело чанта со паричник и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Почина девојче во тетовската болница

Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово.
Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција.
„Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, во утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче“, соопштија од Јавното обвинителство.
Неколку медиуми известија дека станува збор за седумгодишно девојче од тетовското село Челопек кое било примено на Одделението за педијатрија во саботата, 20 септември нешто пред 21 часот, а починало вчера.