Црна хроника
Жител на дебарското село Горенци вршел превоз без лиценца
Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Горенци, кој вршел превоз без соодветна лиценца.
-Кривична пријава е поднесена против А.А.(48) од селото Горенци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без да поседува соодветна лиценца“ по член 284 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Според него, на 9 октомври при контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“, управуван од пријавениот.
При тоа, констатирале дека тој врши такси превоз на патници без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

