Црна хроника
Жител на Кичево приведен под сомнение дека го убил својот татко

Во полициската станица во Кичево синоќа бил приведен 30-годишен жител на овој град, со иницијали М.М, поради сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал.
На местото на злосторството извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од полициската станица Кичево.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле девојче во Аеродром

Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле 13-годишно девојче во Аеродром.
Според информациите на МВР, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на 03.05.2025 околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи.
За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Мртво новороденче донесено на Детска клиника, мајката се породила дома

Вчера во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено во полиција дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче.
Лекар констатирал смрт, а, според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесена на клиниката.
За настанот бил известен јавен обвинител, а телото на бебето било дадено на обдукција, велат од МВР.
Црна хроника
Загина моторџија во сообраќајна несреќа на патот Дебар – Струга

Триесет и тригодишен жител на Кичево загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Дебар – Струга.
Според информациите на МВР, вчера во 14.30 часот во Полициската станица Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на с.Отишани, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(33) од Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка М.Ј.Г.(42) од Скопје, констатирани во Општата болница Дебар.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Дебар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.