Црна хроника
Забрана за вршење дејност за фирма од Кочанско по извршен инспекциски и полициски надзор
По претходно добиени сознанија, службеници од СВР Штип, во координација со Основното јавно обвинителство од Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, вчера (31.3.) извршиле претреси на четри локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање и загрозување на животната средина.
Како што информираат од МВР, претреси во две правни лица и во објект сопственост на Д. Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо, кои потекнуваат од кривичните дела и ќе им бидат вратени на сопствениците.
Од страна на инспекторите од двата државни инспектората кај правните лица се констатирани неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка забрана за вршење дејност.
По целосно документирање на случаите, од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

