Црна хроника
Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани
Триесет и деветгодишен жител на Свети Николе загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Штип-Кочани, а во која учествувале два мотоцикла и еден автомобил.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 16.55 помеѓу „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Ж.Г. (19) од Кочани, во кое имало тројца сопатници, мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од В.Ц. (39) од Свети Николе и мотоцикл „хонда“ со бугарски национални ознаки, управуван од В.Ј. (33) и сопатник К.Г. (22), двајцата од Свети Николе.
Од добиените повреди на самото место на настанот починал В.Ц., а В.Ј. и сопатникот К.Г. добиле телесни повреди и се пренесени во Медицинскиот центар во Штип за укажување лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

