Црна хроника
Запленети приближно 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведен маж
Полицијата пронашла голема количина пиротехнички средства во дом и други простории на жител на Кичево. Сопственикот е приведен.
„На 24.12.2020, полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија, извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е. Е. (44) од Кичево. При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства по што е извршен и претрес по добиената наредба од Основниот суд Кичево во домот и другите простории на Е. Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства.
Вкупно се запленети 36.576 пиротехнички средства, а Е. Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

