Црна хроника
Запленети четири килограми дрога во Битола, приведени пет лица
Приведени се пет лица кај кои била пронајдена дрога. Според податоците, вчера на ул.„Краварски пат“ во Битола полицијата запленила околу четири килограми марихуана и ги привела: Г.К.(54) и В.И.(38), двајцата од Битола, А.Д.(34) и А.С.(23), двајцата од с.Мало Турчане, гостиварско и А.Џ.(36) од Гостивар.
Имено, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во с.Кравари, битолско, забележано е патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, а едно лице кое се превезувало со возилото во близина на влез во фабрика за производство на медицински канабис подигнало ќеси со марихуана. Откако возачот ги забележал полициските службеници, од возилото исфрлил две ќеси со марихуана.
Од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата на за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена Наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во правното лице во с.Кравари, при што се констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се договориле да ѝ донесе дрва, па откако му дала 100 евра си заминал и не се вратил: кумановка пријавила дека е измамена
Седумдесет и двегодишна кумановка во полиција пријавила дека била измамена за 6.000 денари при набавка на дрва за огрев, информираше денеска СВР Куманово.
-Вчера во СВР Куманово, 72-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лица за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле и таа му ги дала парите, тоа ѝ кажало дека дрвата ќе ги донесе од складот во кој наводно се наоѓаат, но не се вратило, по што сфатила дека е измамена, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Ова не е прв случај на измама при набавка на огревни дрва.
Во јануари годинава, беа пријавени два случаи на измами со огревни дрва, првиот повозрасен кумановец за сума од 3.000 денари и вториот случај, кумановка за 5.000 денари.
Во 2023 година на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани вкупно седум измами за дрва, а во 2022 година 15 вакви пријави. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на овие измами.
-Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 192, велат оттаму.
Црна хроника
Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати
Министерството за внатрешни работи информира дека двајца Срби се уапсени под сомнение дека сториле 7 кривични дела, од кои 6 тешки кражби, како и кражба на велосипеди низ општина Аеродром.
„Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија.
Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром. Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците“, велат од МВР.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.