Црна хроника
Заталкан куршум завршил во автомобил паркиран на „Џон Кенеди“
Дваесет и седумгодишен скопјанец на 6 март во полиција пријвил дека неговиот автомобил бил оштетен од заталкан куршум.
Според пријавата на скопјанецот, возилото било паркирано на улицата Џон Кенеди, а во еден момент кога тој се приближил до него, забележал дека тоа е оштетено од заталкано зрно.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Човечки остатоци пронајдени во Тетовско, се претпоставува дека се од исчезната жена
Во полицискиото одделение во Теарце вчера околу пладне било пријавено дека на место викано „Караџица“, атар на село Јелошник, биле пронајдени човечки коски.
– Увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид, при што било констатирано дека најверојатно се работи за О.Д.(81) која имала здравствени проблеми, а за која на 11.08.2024 година во Полициското одделение Теарце нејзината ќерка Т.Г. пријавила дека се оддалечила од домот и според описот во пријавата се совпаѓа облеката и предметите пронајдени кај телото. По наредба на обвинителот деловите од телото биле предадени на обдукција, информираа од СВР Тетово.
По пријавувањето на исчезнувањето на Олгица на 11 август, семејството побара помош за нејзино наоѓање и преку социјалните мрежи и медиумите.
Црна хроника
Пронајдени мигранти во Гевгелија, приведен шверцер
На 07.10.2024 во 08.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија.
При преглед во возилото „ауди“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти (две од Сирија и 10 од Ирак). Претходно, околу 07.30 часот на локалниот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото „ауди“, со кое било и возило „бмв“, а кои веднаш потоа го напуштиле местото. По преземени мерки и активности, прво било најдено возилото „ауди“ со мигрантите, а околу 17.00 часот во Богданци било пронајдено и возилото „бмв“.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредена пензионерка, со возило удрена во Скопје
На 08.10.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(44), удрило во пешакот З.Е.(72), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.