Црна хроника
Затворена улицата Јордан Мијалков каде што утрово багерист смртно прегази жена

И попладнево остана затворена улицата Јордан Мијалков каде утрово околу 11 часот багерист смртно прегази жена.
Таа го загуби животот на лице место, а Итната помош која пристигнала веднаш, констатирала смрт.
МВР по несреќата објави дека жената е од Скопје, има 66-години и иницијали Л.Ј.
Извесен И.А. од селото Грчец според информациите од полицијата управувал со багерот што ја прегазил жената.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.