Топ
Двајца затвореници најдени мртви во „Идризово“

Двајца затвореници од Скопје биле најдени починати во затворот „Идризово“.
Како што објави МВР, едниот починал синоќа по 3 часот по полноќ, додека вториот бил пронајден починат во текот на вчерашниот ден.
Во првиот случај, станува збор за 50-годишен скопјанец кој издржувал казна затвор од 11 години. Другиот имал 82-години, иницијали Б.А., истотака, од Скопје.
Според информациите од полицијата, кај двајцата немало видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција, велат од МВР.
„Макфакс“ во текот на целиот ден бараше одговори од директорот на затворот Зоран Јовановски кој рече дека ќе ги достави писмено, а потоа беше недостапен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот за електронски отпад во Трубарево, не се случајни, туку се организирани од „центри на моќ“ во земјава и надвор од неа.
Мицкоски верува дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот што следи, затоа што постојат центри на моќ во државата, но и надвор од неа, кои не сакаат оваа Влада да успее, но рече дека ќе се борат против тоа.
„Ова што се случуваше летото и што сега се случува ќе продолжи, затоа што некој има интерес ова да продолжи“, рече премиерот.
За рециклаторниот центар на „Ф-Групација“ кажа дека има лиценца за управување со отпад издадена во 2021 година со важност до 2031, но дека условите под кои работат ваквите објекти треба да се преиспитаат.
„Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ рече премиерот.
Во пожарот што вчера попладне зафати рециклаторен центар на „Ф-Групација“ во Трубарево, каде што бил складиран електронски отпад, батерии и акумулатори, повредени беа четири лица – жителка на Трубарево која и понатаму е хоспитализирана на Клиниката за токсикологија со симптоми на вртоглавица и кашлица, еден полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК, Мухамед Али. Тројцата се пуштени на домашно лекување, а сите се надвор од животна опасност.
Македонија
Учениците од училиштата во близина на Трубарево една недела ќе следат настава онлајн, кажа Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека основните училишта што се наоѓаат во непосредна близина на местото на пожарот во Трубарево ќе преминат на онлајн настава во траење од една недела.
За точката ќе се дискутира на денешната владина седница.
Мерката е препорачана со цел заштита на учениците и наставниот кадар од можни здравствени ризици по горењето на електронски отпад и пластика, а се работи за најблиските четири училлишта во околината.
Алиу појасни дека во реално време се следи квалитетот на воздухот преку повеќе мерни станици и дека бројките засега не покажуваат потреба за дополнителни ограничувања, иако на терен се чувствува миризба од чадот.
Македонија
На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за електронски отпад каде избувна пожарот. Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека таа е задржана поради симптоми на вртоглавица и кашлица, но е надвор од животна опасност и се очекува наскоро да биде пуштена на домашно лекување.
Според Алиу, останатите три лица кои побарале лекарска помош – припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и еден полициски службеник – веќе се пуштени на домашно лекување.
Министерот истакна дека Министерството за здравство уште вчера формирало кризен штаб кој ја следи состојбата, а Институтот за јавно здравје изготвил препораки кои и денеска остануваат во сила.
Алиу апелираше сите граѓани кои чувствуваат симптоми како вртоглавица или кашлица да побараат лекарска помош.