Црна хроника
Затвореници нападнале полицајци во Идризово

Затворски полицајци доцна синоќа биле нападнати од страна на двајца затвореници во казнено-поправниот дом Идризово.
„На 6 јануари во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 2.30 часот во Казнено-поправниот дом Идризово, додека вршеле рутинска контрола, затворски полицајци биле физички нападнати од затворениците С.С. и К.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР во дневниот билтен за овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во куќа во Вевчани, нема повредени

Денеска во 08.45 часот, во куќа сопственост на Ф.Ќ. од Вевчани, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Црна хроника
Приведен 28-годишник од Гостивар: бил баран по потерница за издржување казна затвор

Вчера во 13.00 часот во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле 28-годишниот З.С. од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Сообраќајка во Скопје, тешко повредена жена од Кумановско

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.35 часот на булеварот „Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од село Романовце, кумановско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.А.(48) од Скопје.
Во нерсеќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во приватна болница во Скопје, додека Д.П.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.