Црна хроника
Затворен угостителски објект во Црешево, приведени 32 лица
Угостителски објект во с. Црешево, Скопско, е затворен, а приведени се 32 лица поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму објаснуваат дека службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителскиот објект во с. Црешево, Скопско, во врска со почитување на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.
При контролата во објектот биле затекнати 32 лица, меѓу кои и сопственикот Г. И. (56) од с. Булачани, Скопско.
Сопственикот и гостите биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гази Баба.
„По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

