Црна хроника
За викендот во 25 сообраќајни несреќи едно лице го загубило животот, повеќе од 20 лица добиле повреди
Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Скопје се случиле 25 сообраќајни незгоди. Во една од сообраќајните несреќи едно лице го загубило животот, едно добило тешки телесни повреди, а повеќе од 20 лица лесни телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од преземените мерки и активности, како што посочуваат од МВР, констатирано е дека 116 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај, додаваат од МВР, се исклучени 47 возачи. Осум од возачите управувале моторно возило под дејство на алкохол, 35 возачи затоа што управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и четири возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило бидејќи било технички неисправно, соопштуваат од МВР.
Санкционирани биле 11 возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца возачи бидејќи не дале првенство на минување на пешаци, пет неправилно се престројувале и еден возач поради неправилно престигнување, велат од МВР и додаваат дека меѓу санкционираните има и еден пешак што поминал коловоз надвор од пешачки премин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

