Црна хроника
За два дена 31 сообраќајка во Скопје, три лица потешко повредени
Во текот на изминатите два дена дена на подрачјето Скопје се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода од кои три со тешки телесни повреди, 13 со лесни телесни повреди и 15 со материјална штета.
„Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 23 лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената“, соопшти МВР.
Од сообраќај се исклучени 39 возачи од кои 11 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол и 28 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 23 возила од кои 22 бидејќи им била истечена важноста на сообраќајната дозвола и едно поради техничка неисправност. Санкциониран бил еден возач поради неправилно престигнување и седум возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Покрај ова, санкционирани се и 19 пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 64 мандатни платни налози, додека 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

