Црна хроника
За еден ден во Скопје се случиле десет сообраќајни незгоди
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на секторот за внатрешни работи во Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди, од кои пет биле со телесни повреди и пет со материјална штета, соопшти полицијата.
„Во сообраќајните незгоди пет лица добиле телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 15 возачи, од кои двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, девет управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и четири затоа што биле возачи почетници, а исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани“, додаваат од МВР.
Од полицијата велат дека санкционирани се и шест возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден поради недавање првенство на минување пешаци, седум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и еден возач поради неносење заштитен шлем (кацига).
Во однос на пешаците, пак, санкциониран бил еден пешак поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден, како што информира полицијата, издадени се 91 мандатен платен налог и 74 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена жена во Охрид, разбојник ја турнал и ја ограбил
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“, извести СВР Охрид.
„Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84-годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките
Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.