Црна хроника
За еден ден во Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди
Само во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди, од кои една сообраќајна незгода со загинато лице, две со тешки телесни повреди, 10 со лесни телесни повреди и седум со материјална штета, соопштија од полицијата.
Од преземените мерки и активности, од МВР велат дека е констатирано оти 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.
„Од сообраќај се исклучени 17 возачи, од кои: 15 возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани“, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР додаваат и дека санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување и тројца возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Во текот на изминатиот ден издадени се 48 мандатни платни налози, а 51 возило се подигнати со специјално возило „пајак“, додава МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

