Црна хроника
Изгоре возило во Штип

Вчера, околу 4.30 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата Браќа Даневи во Штип избувнал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на К. Б. од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Тинејџер фатен во Скопје со 200 кесички марихуана

Седумнаесет годишник синоќа бил затекнат во општина Аеродром со 200 полиетиленски кесички со марихуана.
Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.
„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за неовластено производство и пуштање во промет
на наркотични дроги“, велат од МВР.
Денес ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Црна хроника
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: кривична против стружанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.И.(51) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
Имено, на 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и стартувал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, а кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.
Црна хроника
Украдени пари од црква во Струшко

Вчера во 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во текот на претходните две недели со употреба на сила било влезено во црквата „Св.Јован Владимир“ во селото Подгорци, струшко, и биле одземени пари.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.