Црна хроника
Измамници му ги земале парите на 80-годишен скопјанец

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје, Љ.К.(80) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ бил измамен од две лица за сума од 9.100 денари. Едното лице се претставило дека е македонски државјанин и му кажало дека другиот е странец е дека направиле сообраќајна незгода. Според пријавеното, македонскиот државјанин му побарал пари за да ги провери парите на странецот дали се оригинални, а кои му ги давал за оштета. Како што е пријавено, откако им ги дал парите лицата побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
52-годишна скопјанка нападната од поранешниот сопруг, кој имал забрана за приближување

Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18:20 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(58).
За него Основниот кривичен суд Скопје имал донесено пресуда и издадено решение за забрана за приближување.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ја тепал и ја заклучувал вонбрачната сопруга во домот: уапсен тетовец

Вчера во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници го уапсија В.С.(45) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „IJ-18“ и 40 ловечки патрони.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.