Црна хроника
Изминатиот викенд во Скопје 31 сообраќајка и 26 повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 31 сообраќајни незгоди од кои 18 со телесни повреди и 13 со материјална штета. При сообраќајните незгоди 26 лица се здобиле со лесни телесни повреди.
202 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 103 возачи бидејќи 45 го управувале возилото под дејство на алкохол, 47 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 11 биле возачи почетници.
40 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 39 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Исто така, санкционирани се и 16 возачи кои поминале на црвено светло, седум не дале првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престориле и пет неправилно престигнувале.
Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 120 мандатни платни налози, додека исто така 97 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

