Црна хроника
Инциденти вчера во Неготино: Едно лице избодено, друго завршило со демолиран автомобил, двајца натепани
Полицијата соопшти за три инциденти што се случиле вчера на територијата на Неготино.
Според информациите од МВР, доцна синоќа приведен е Ј.К.(22) од градот, затоа што пред спортска обложувалница на улицата Ацо Аџи Илов, по кратка расправија, со остар предмет му нанел повреди на М.Ч.(24) од Неготино.
„Остриот предмет бил пронајден, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
Вториот инцидент се случил доцна вечерта во петокот кон саботата, повторно со млади луѓе. Приведен е С.К.(24) од Неготино кој околу 3 часот во угостителски објект во градот најпрво му се заканил на А.М.(22), а во 03.30 часот на крстосница од ул.„Киро Крстев“ со ул.„Фемо Кулаков“ го оштетил неговото возило. Третиот инцидент се случувал во истото време пред угостителски објект. Во овој случај, М.К.(37) пријавил дека пред угостителски објект во Неготино, тој и В.П. биле физички нападнати од едно лице, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

