Црна хроника
Инцидент за време на референдумот во Струшко, случајот го истражува обвинителството
Инцидент се случил за време на одржувањето на референдумот во Струга, а случајот го истражува и Јавен обвинител. Како што информира полицијата, вчера во 18:45 часот било пријавено дека во селото Франгово, Струшко, во основното училиште „Агим Агуши“ на избирачко место бр.1880 дошло до нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на полициски службеник од Полициската станица Струга.
,,Имено, во ходникот од училиштето дошла група од околу десетина граѓани, меѓу кои и Д.К. (49) од с.Шум, Струшко, кој влегол во избирачкото место и вербално го нападнал претседателот на избирачкиот одбор околу полнењето на кутиите. Веднаш е реагирано од страна на полициски службеник, но Д.К. почнал и него да го навредува и агресивно да се однесува. За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување”, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

