Црна хроника
Искршил обложувачница во Чаир, се заканувал со оружје и одзел пари од вработениот, МВР го расчистува случајот

Обложувачница од Чаир пријавила дека синоќа вооружено лице се заканувало, искршило дел од инвентарот и одзело пари од вработениот.
„На 23.02.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот во спортска обложувачница на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со оружје и со употреба на физичка сила искршило дел од инвентарот и од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дете предизвикало пожар во Капрош, палело електични кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во кругот на фирма на улицата „Скупи“, каде што полициски службеници го затекнале малолетникот како пали оган и гори електрични кабли.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита и не е пријавена поголема материјална штета. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговата маќеа иадвокат.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од КЗ.
Како што информира МВР, на 10.07.2025 во 22.10 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а по извршеното вештачење констатирано е дека станува збор за кокаин со нето маса 46,56 грама. Со К.П. бил извршен службен разговор, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Пијан возач фатен во Кавадарци

Полицијата синоќа во 23.50 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци го лишила од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило мерцедес со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т.. По преземените мерки, констатирано е дека лицето го управувало возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта.
Г.Т. исто така му ја туркал раката на полициски службеник со цел да го спречи да преземе службени дејства. Г.Т. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и член 382 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.