Црна хроника
Истрага за неовластено изнесување марихуана од фабрика за одгледување канабис
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца македонски и еден албански државјанин осомничени за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Албанскиот државјанин, основач на правно лице – фабрика за одгледување медицински канабис во битолското село Кравари, неовластено организирал и заради продажба од просториите на фабриката изнел две вреќи со наркотична дрога марихуана. Вреќите ги оставил пред влезот во фабриката, од каде што ги подигнале другите двајца осомничени со автомобил. Кога биле забележани од полициски службеници, тие се обиделе дрогата да ја исфрлат од возилото.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, од кои еден е лишен од слобода, а двајца се во бегство. На тројцата, како што соопштија надлежните, им е определен притвор во траење од 30 дена, при што за двете лица, кои се во бегство, притворот ќе почне да се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

