Црна хроника
Истрага против дилер на марихуана од Скопје
Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Обвинителството постапува по кривична пријава против 25-годишник од Скопје кај кого биле пронајдени 156,77 грама наркотична дрога марихуана и две рачно изработени цигари со мешавина од марихуана и тутун. При претресот била пронајдена и одземена и дигитална вага со траги од марихуана и кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.