Црна хроника
Истрага против сметководител поради кражба на речиси 11 милиони денари
Скопското основно јавно обвинителство поведе постапка против едно лице поради сомнение дека како сметководител сторило кривично дело проневера во службата.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот во периодот од 28 април 2016 до 28 ноември годинава, како сметководител во нотарска канцеларија, со намера за себе да оствари противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во вредност од 10.913.195 денари.
„Тој неовластено пополнил и потпишал налози за пренос на парични средства од банкарската сметка на нотарот, на банкарска сметка на неговата сопруга. Потоа, осомничениот како овластен потписник на банкарската сметка на неговата сопруга ги подигнал во готово паричните средства“, објаснуваат од обвинителството.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судот поднел предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на осомничениот повремено да се јавува кај службено лице и привремено одземање на пасошот.
Предложените мерки се во насока на обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради постоење на опасност од бегство на осомничениот и опасност за повторување на кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

